Mohamed Sabry Emam Muhammed
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
НИНИВА (АА) - Девет членови од исто семејство загинаа вчера во воздушен напад извршен од страна на коалицијата предводена од САД во големата офанзива за заземање на северниот ирачки град од терористичката група ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Офицерот на ирачката полиција, Сабхан ал-Махоли изјави дека проектил испукан од беспилотно летало погодил куќа во подрачјето ал Фатах во источен Мосул, кое неодамна ирачките сили го презедоа од ДЕАШ.
„Девет членови од исто семејство загинаа во нападот“, рече тој за АА.
Воените авиони на коалицијата предводена од САД извршија воздушен напад на позициите на ДЕАШ во Мосул, како дел од офанзивата за заземање на градот од ДЕАШ.
Ирак е во безбедносен вакуум од средината на 2014 година, кога ДЕАШ го зазеде Мосул, како и огромна територија во северните и западните делови на земјата.
Ирачките сили, поддржани од воздухопловните сили на меѓународната коалиција, на 17 октомври започнаа операција за ослободување на Мосул, главното упориште на ДЕАШ, но оттогаш во источниот дел на градот доаѓа до чести судири со припадниците на организацијата.