Ekip
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АЗЕЗ (АА) - Армијата на режимот на Башар ал Асад и шиитските милиции под иранска команда го прекршија договореното примирје во источен Алепо и започнаа да го бомбардираат со тешко оружје подрачјето што го држат под опсада, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од дописникот на Anadolu Agency (AA), сместен во источниот дел на градот што сѐ уште е под опсада, силите на режимот во 8.30 часот започнале со интензивно бомбардирање на фронтот со артилериски и минофрлачки гранати.
На површината од 6 кавадратни километри, колку што контролира опозицијата, во изминатите 40 минути паднаа десетици артилериски и минофрлачки гранати.
Примирјето меѓу силите на режимот и опозицијата беше договорено вчера, околу 17.00 часот, со посредништво на Турција, а предводенo од Русија. Потоа нападите прекинаа.
Според договорот, за време на примирјето требало да се евакуираат цивилите и членовите на силите на опозицијата. Во првата фаза, ранетите, а по нив и цивилите и силите на опозицијата требало безбедно да бидат префрлени во подрачјето на Идлиб.
Градот Идлиб, југозападно од Алепо, го контролира умерената опозиција. Тој се наоѓа наспроти турскиот град Хатај.