Fatih Erel
10 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната организација за миграции (IOM) соопшти дека се удавени 51 од 120 африкански мигранти кои се фрлени од чамец во морето, во територијалните води на Јемен, јавува Anadolu Agency (AA)
Во соопштението се наведува дека криумчарите од чамец фрлиле 120 мигранти од Сомалија и Етиопија во морето.
Во просек, возраста на удавените мигранти е 16 години.
Официјален претставник на ИОМ за Јемен, Лорен де Боек, изјави дека мигрантите кои успеале да дојдат на брегот изјавиле оти трговците со луѓе ги турнале во морето кога ги забележале надлежните служби на брегот.
Боек изјави дека очекуваат трговците со луѓе кои се вратиле во Сомалија, во Јемен да доведат дополнителен број мигранти.
Според податоците на ИОМ, оваа година 55.000 мигранти го напуштиле Сомалискиот Полуостров за да дојдат во Јемен.