Selçuk Acar
10 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Канадската армија изгради бегалски камп поради зголемувањето на брoјот на бегалци кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави (САД) во Канада, јавува Anadolu Agency (AA).
Во врска со ова, од армијата соопштија дека новиот камп којшто се состои од модуларни шатори е изграден во Сен-Бернар-де Лакол, Квебек. Овој камп има капацитет да засолни 500 бегалци.
Во соопштението се наведува дека од периодот 1 јануари до 30 јуни, 300 бегалци од САД влегле во Квебек, Канада, додека, како што се истакнува, овој број во јули изнесува 1.200. Според соопштеното, поголемиот дел од овие бегалци се со потекло од Хаити.
Портпаролот на Агенцијата за гранични услуги во Канада, Патрик Лефорт, во изјава за канадските медиуми истакна дека 700 бегалци кои неодамна влегле во Канада преку Роксхем, чекале 2 до 3 дена надвор со цел да се завршат потребните процедури и немале каде да спијат.
Според соопштеното, градската управа која олимпискиот стадион на Монтреал од август го користи како дом за бегалци, планира кралската болница „Викторија“ со капацитет од 320 кревети да ја користи за засолнување на бегалците.
Исто така, се истакнува дека децата бегалци во Канада наредниот месец ќе се запишат во француски училишта во Монтреал.