Mahmut Atanur
28 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
ЏАКАРТА (АА) - Полицијата во Индонезија спроведе операција во која од криумчарите заплени 41 комодо змеј, чија вредност на црниот пазар достигнува речиси 1,5 милион долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на специјалните полициски сили во Источна Јава извршија успешна операција против ланецот на криумчарење на загрозениот вид гуштери кои се познати под името комодо змејови или комодо варани.
Во операцијата се приведени 9 лица кои комодо змејовите ги криумчареле од островот Флорес, а во тек е потера по уште еден осомничен.
Криумчарените гуштери биле наменети за црниот пазар во странство, особено во земјите од Југоисточна Азија, каде што секој од нив вреди најмалку 35.000 долари.
Комодо змејот е загрозен вид гуштер од семејството варан, национален симбол на Индонезија, кој потекнува од островот Комодо и се наоѓа на Листата на светско наследство на УНЕСКО. Според податоците на Националниот парк на островот Комодо, во моментов на островот живеат нешто повеќе од 3.000 животни од овој вид.