Mahmut Atanur
12 Февруари 2019•Ажурирај: 12 Февруари 2019
ЏАКАРТА (АА) - Во индонезискиот главен град Џакарта беше организирана демонстрација, со цел протестирање против интервенцијата на САД врз Венецуела, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот беше организиран од страна на различни организации како Конфедерацијата на синдикатите на работниците и Националниот центар за работничко движење.
Демонстрантите носеа транспаренти со натпис „Ние сме со венецуелскиот народ“ и „Трамп, тргни ги рацете од Венецуела!“, додека извикуваа пароли против САД.
Нининг Елитос, портпарол на Народното работничко движење, кое е еден од организаторите на протестот, во своето обраќање реагираше против тоа што САД се мешаат во внатрешните работи на Венецуела, не почитувајќи ја сувереноста на венецуелскиот народ.
Елитос нагласи дека економската криза во Венецуела е предизвикана од економската блокада на САД и дека САД треба да стават крај на оваа блокада.