Ekipa
12 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
МАДРИД (АА) - Судењето на сепаратистичките лидери на Врховниот суд на Шпанија во Мадрид е во тек, и покрај тоа што демонстрантите ги блокираа автопатиштата во североисточниот регион на Каталонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Протестите закажани за денеска се темпирани да започнат во време кога ќе започне и најголемиот судски процес во Шпанија во последните 40 години. Демонстратите го блокираа сообраќајот и во одредени улици на Барселона.
Дванаесет осомничени лица се соочуваат со обвиненија поради нивно учество во едностраното прогласување на независноста на Каталонија, засновани на резултатите на референдумот за сецесија кој е одржан и покрај кршењето на Уставот на Шпанија. Некои од обвинетите, доколку бидат прогласени за виновни, ги очекува повеќедецениски престој во затвор.
Судскиот процес во живо го пренесува државната шпанска телевизија.