Emel Öz Gözellik
12 Февруари 2019•Ажурирај: 12 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,1 степен се случи во јужниот дел на Филипините, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија, епицентарот на земјотресот е 88 километри југоисточно од провинцијата Сарангани, на длабочина од 48 километри.
Не се дадени информации за можни жртви или штети од земјотресот.
Инаку, во земјотресот со јачина од 7,2 степени кој се случи на 15 октомври 2013 година на Филипините, загинаа 144 лица.