İdris Sülün
04 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
АНКАРА
Владата на Индија ќе им исплати по 674 долари надомест на семејствата на оние што го загубија животот поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), Врховниот суд на Индија ја потврдил владината одлука да плати отштета од 674 долари за секоја смрт предизвикана од Ковид-19.
Одлуката на Врховниот суд дојде откако група адвокати побараа надомест за смртта од Ковид-19, повикувајќи се на индискиот Закон за катастрофи.
Мукеш Шах, судијата на Врховниот суд, истакна дека во рок од еден месец ќе им се исплати надомест на најблиските роднини на оние што го загубија животот поради вирусот.
Според официјалните бројки, досега во Индија регистрирани се повеќе од 447.000 смртни случаи како резултат на вирусот.
Експертите веруваат дека поради епидемијата починале 10 пати повеќе лица отколку што покажуваат официјалните бројки.