Adem Şalvarcıoğlu
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
АНКАРА (АА) - Во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови во индиската сојузна држава Керала животот го загубија 417 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, 417 лица го загубија животот во поплавите и свлечиштата предизвикани од монсунските дождови.
Околу 800.000 лица во овој регион се погодени од поројните дождови, 36 лица сè уште се водат како исчезнати, додека 5.645 лица се преместени во бегалски центри.
Поради поројните дождови во Керала се излеваат реките и браните, оштетени се улици, мостови и куќи, а земјоделска површина од 32.500 хектари е во неупотреблива состојба.
Се вели дека материјалната штета предизвикана во регионот е околу 3 милијарди долари.
Поради поројните дождови и поплавите што ја зафатија земјата во сезоната на монсунските дождови досега загинаа над 1.000 лица.