Fuat Kabakcı
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
ПЕКИНГ (АА) - Кина го лансираше двојниот сателит од серијата „Beidou-3“ (Северна ѕвезда), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на Кинеската централна телевизија (CCTV), двојниот сателит од серијата „Beidou-3“ е лансиран од Центарот за лансирање сателити „Шичанг“, во кинеската покраина Сичуан.
Во веста се наведува дека по направените тестови во орбитата, сателитите од серијата „Beidou-3“ ќе започнат со функција.
Навигацискиот сателитски систем „Beidou“ во Кина започна со активности во 2000 година, а во азиско-пацифичкиот регион во 2012 година.