Ekip
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
РИМ (AA) – Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) побара од земјите од Европската Унија да преземат одговорност за 150 мигранти кои со денови се заглавени на бродот на италијанската крајбрежна стража, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бродот „Дикиоти“ ги спаси мигрантите од бродот за криумчарење на 16 август. Од тогаш бродот е усидрен во Сицилија, а Владата на Италија одбива да дозволи истоварање на мигрантите, доколку останатите земји од ЕУ не се обврзат дека ќе ги преземат.
Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци, ги повика европските земји „да ја направат вистинската работа и да им понудат азил на луѓето кои се спасени на Медитеранското Море“.
Гранди од Женева порача дека е време да се заврши „трката до дното кој ќе преземе помала одговорност за луѓето спасени на море“.
Владата на Италија им дозволи на малолетните и болните да стапнат на нејзина територија. Италијанските медиуми објавија дека во петокот жените јаделе, додека мажите го одбиле оброкот.
Матео Салвини, министерот за надворешни работи на Италија, рече дека другите земји од ЕУ мора да се обврзат дека ќе ги преземат мигрантите пред тие да се симнат од бродот. Повеќето мигранти на бродот „Дикиоти“ се од Еритреја.