Recep Şakar
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
МЕЛБУРН (АА) - Муслиманите во австралискиот град Мелбурн, веќе 24 години по Фитр бајрам и Курбан бајрам организираат „Бајрамски фестивал“, во кој учествуваат голем број посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој фестивал кој започна во подрачјето на Далас во Мелбурн, исто така и оваа година доби голема заинтересираност.
Фестивалот за прв пат беше одржан во 1994 година од муслиманите во градот, меѓу кои се Турци и лица од други етнички припадности, со цел продолжување на бајрамската радост, култура и традиција.
Илјадници лица учествуваа на првиот ден од фестивалот,во кој посетителите имаа прилика да ги посетат штандовите на кои се презентираат носиите и други традиции на различни земји, како и јадења од многу кујни.
Калар Абдулахи со потекло од Џибути, во изјава за АА истакна дека заедно со семејството учестувале на овој фестивал, и изрази задоволство поради тоа што се присутни тука.
Фестивалот во чии рамки ќе се организираат различни активности, ќе заврши утре со шоу со огномети.