Fuat Kabakcı
02 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
АНКАРА
Повеќе од 8.700 лица, главно работници починаа на железницата во Индија минатата година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на телевизијата „NDTV“, индиската железничка управа соопшти дека мнозинството од оние кои го минатата година загубија животот на пругата се работници кои се обидувале да одат дома.
Управата истакнувајќи дека и покрај сериозното намалување на услугите за патнички воз минатата година повеќе од 8.700 лица ги загубија своите животи на пругите, рекоа дека работниците ја користеле железничката рута за да одат пеш до своите домови, бидејќи е пократка од другата на автопатот.
Индиската железничка управа исто така наведе дека работниците сакале да ги избегнат мерките за Ковид-19 и претпоставувале дека возот не работи.
Во Индија, мината година услугите за патнички возови се драстично се намалени.
Железничка управа овие смртни случаи не ги опишува како несреќи, туку како „престапи или неочекувани инциденти“.
Во земјата, во 2019 година на железницата 15.204 лица ги загубиле своите животи, во 2018 година 14.197, во 2017 година 12.838 лица, а во 2016 година 14.032 лица.