Burak Bir
02 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Во светот досега се аплицирани над 1,98 милијарди дози од вакцините против коронавирусот, покажаа денешните податоци од веб-сајтот за следење на вакцинацијата „Our World in Data“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кина е на прво место во светот со 681,91 милион дадени дози, а потоа следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со 296,4 милиони.
Индија има администрирано 218,55 милиони дози, Бразил 68,24 милиони, Велика Британија 65,21 милион, Германија 51,54 милиони, Франција 36,78 милиони, Италија 35,43 милиони и Мексико 30,99 милиони дози на вакцините против Ковид-19.
Турција е на 10. место со употребени над 29,42 милиони дози, по која следуваат Русија, Индонезија, Шпанија и Канада.
Земја со најмногу употребени дози според бројот на населението е источноафриканската островска држава Сејшели, со 136,74 дози на 100 жители.
Повеќето вакцини против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на дадени дози не е ист со бројот на целосно вакцинираните лица.
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година пандемијата зела над 3,56 милиони животи во 192 земји и региони во светот, а регистрирани се 171,2 милиони случаи на Ковид-19
САД, Индија и Бразил и понатаму се најтешко погодените земји во светот во однос на бројот на заразени и смртни случаи.