Gamze Türkoğlu Oğuz
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку осум лица загинаа, а околу 100 се повредени во несреќата што се случи во електрана во северна Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија дека во електраната во Утар Прадеш експлодирала цевка за топла вода и оти, според првичните податоци, осум лица го загубија животот.
Меѓу повредените има и луѓе со тешки телесни повреди, па бројот на мртвите може да се зголеми.