свет

Индиски борбен авион се урна на аерошоу во Дубаи, загина пилотот

„Авион на Индиските воздухопловни сили ‘Теџас’ се урна за време на лет на авиошоуто во Дубаи денес. Пилотот претрпе смртоносни повреди во несреќата“

Riyaz Khaliq Khaliq, Ahmad Adil  | 21.11.2025 - Обновена : 21.11.2025
Индиски борбен авион се урна на аерошоу во Дубаи, загина пилотот

ИСТАНБУЛ (АА) - Индиски борбен авион се урна денес за време на авиошоу во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, при што загина пилотот, соопштија Индиските воздухопловни сили, пренесува Анадолу.

„Авион на Индиските воздухопловни сили ‘Теџас’ се урна за време на лет на авиошоуто во Дубаи денес. Пилотот претрпе смртоносни повреди во несреќата“, се вели во соопштението.

„Длабоко“ жалејќи за загубата на живот, Индиските воздухопловни сили рекоа: „Цврсто стоиме покрај ожалостеното семејство во ова време на тага“.

Индиските воздухопловни сили ќе „ги утврдат причината за несреќата“, се додава во соопштението.

Претходно, од видеата на социјалните медиуми се гледа како авионот со едно седиште се урива на авиошоуто во Дубаи, исфрлајќи огромен чад.

Според индискиот јавен сервис НДТВ, несреќата се случила околу 14:10 часот по локално време кога густ чад го зафатил местото на Меѓународниот аеродром Ал Мактум.

Авионот е развиен од „Хиндустан аеронаутикас лимитед“, а инцидентот на авиошоуто во Дубаи е втора несреќа со авион на „Теџас“ за помалку од две години, се наведува.

Минатата година, во март, ловец „Теџас“ се урна во западната индиска држава Раџастан - „прва таква несреќа во 23-годишната историја на авионот од неговиот прв тест-лет во 2001 година“, додека пилотот се катапултирал безбедно.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın