Илегалните израелски доселеници со нова населба на Западниот Брег
Нелегалните израелски доселеници упаднаа во северниот дел на градот Кафр Кадум, воспоставија населба и преместија околу 10 приколки, шатори и нивни објекти таму, изјавија очевидци за Анадолу

РАМАЛА/ИСТАНБУЛ (АА) — Нелегалните израелски доселеници денес воспоставија нова населба на територијата на градот Кафр Кадум, во северниот дел на окупираниот Западен Брег, по месеци нејзино насилно заземање, соопшти палестински претставник, јавува Анадолу.
Нелегалните израелски доселеници упаднаа во северниот дел на градот, воспоставија населба и преместија околу 10 приколки, шатори и нивни објекти таму, изјавија очевидци за Анадолу.
Мурад Штеви, директор на Комисијата за колонизација и отпор против Sидот во северниот дел на Западниот Брег, за Анадолу изјави дека префрлањето на мобилните куќи до населбата „било извршено ноќе под заштита на израелската Армија“.
Штеви, кој е од Кафр Кадум, рече дека земјиштето на кое влегле нелегалните израелски доселеници е „приватен имот во сопственост на жителите на градот, а доселениците го држат под контрола со сила неколку месеци додека таму работат со булдожери“.
Комисијата за колонизација и отпор против Sидот документираше 415 напади од страна на нелегалните израелски доселеници врз Палестинците и нивните имоти само во мај, почнувајќи од вооружени напади до уништување на земјиште, корнење дрвја и присилни затворања.
Од почетокот на израелските напади врз Газа на 7 октомври 2023 година, најмалку 986 Палестинци се убиени, а над 7.000 се повредени на Западниот Брег од страна на израелските сили и нелегалните доселеници, соопшти Министерството за здравство.
Минатиот јули, Меѓународниот суд на правдата ја прогласи израелската окупација на палестинските територии за нелегална и повика на евакуација од сите населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.