Mustafa Deveci
10 Септември 2021•Ажурирај: 12 Септември 2021
КУДС (АА) - Израелските сили продолжуваат да ги приведуваат роднините на шест палестински затвореници кои избегаа од затворот „Гилбоа“ на 6 септември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава на Здружението на палестински затвореници се наведува дека израелските сили извршиле рација во областите Араба и Бир ал Баша во градот Џенин во окупираниот Западен Брег.
Се наведува дека во рациите се приведени пет роднини на палестински затвореници кои избегале од затвор со копање на тунел.
Израелските сили, исто така и на 8 септември приведоа пет роднини на палестински затвореници кои избегаа од затвор.
Од друга страна, во веста на палестинската државна агенција ВАФА (WAFA), се истакнува дека две палестински деца се приведени од израелските сили во градот Хеброн.
Од 6 септември, израелските сили вршат рации во различни делови на Западниот Брег, особено во градот Џенин, за да ги пронајдат шесте палестински затвореници кои избегаа од затворот „Гилбоа“ со копање на тунел.