Mehmet Nuri Uçar
12 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
НАЗАРЕТ
Пред суд во северниот дел на Израел изведени се четворица палестински затвореници кои избегале од затворот „Гилбоа“, објавија извори од правосудството, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Затворениците се одведени во провинцијата Назарет под силно обезбедување.
Пред судското рочиште зад затворени врати, група Палестинци извикуваа слогани за ослободување на затворениците.
Палестинците одделно се изведени пред судијата.
„Четворица од шесте палестински затвореници што неодамна избегаа од строго чуваниот затвор, фатени се вчера“, соопшти израелската полиција.
Двајца се пронајдени на паркинг во утринските часови, додека уште двајца се фатени во близина на градот Назарет.
Големата потрага започна во понеделникот, откако затворениците избегаа од затворот „Гилбоа“ во северниот дел на Израел. Ова е прво бегство на Палестинци од затвор во последните 20 години.