Ahmet Furkan Mercan
12 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
ТОКИО
Претставници на САД, Јужна Кореја и Јапонија ќе разговараат за „Денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“ и „Конечниот статус на преговорите со Северна Кореја“ во Токио, главниот град на Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Високи официјални претставници на трите земји следната недела ќе се состанат на трилатерален самит за Северна Кореја, на кој домаќин е Јапонија, објави новинската агенција „Кјодо“.
На самитот ќе присуствуваат Такехиро Фунакоши, шеф за прашањата поврзани со Азија и Океанија на Министерството за надворешни работи на Јапонија, Сунг Ким, специјален претставник на претседателот на САД за Северна Кореја, и Нох Кју Дук, специјален пратеник на Јужна Кореја за мировни и безбедносни работи на Корејскиот Полуостров.
Трите земји на самитот ќе разговараат за „Денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“ и за „Конечниот статус на преговорите со Северна Кореја“
На самитот ќе стане збор и за економската ситуација во Северна Кореја, и за испораката на хуманитарната помош преку меѓународни организации, вклучувајќи и испорака на вакцини против Ковид-19.