Büşra Nur Bilgiç
28 Септември 2019•Ажурирај: 29 Септември 2019
ГАЗА (АА) - „Израелските сили вчера убија Палестинец во Појасот Газа“, се соопштува од палестинското Министерство за здравство, јавува Anadolu Agency (AA).
Сахир Ивадулах Осман (20) беше застрелан од Армијата во градот Рафа за време на протестите против израелската окупација на палестинската територија.
Од Министерството се вели дека 63 демонстранти се повредени во протестот, 32 од нив со вистински куршуми, а за останатите не се знае на кој начин се повредени.
Од почетокот на протестите во Газа, во март минатата година, речиси 270 демонстранти загинаа и илјадници се повредени од страна на израелските сили, на безбедносната ограда со Газа.
Демонстрантите бараат крај на 12-годишната израелска блокада на Појасот Газа, која ја уништи економијата на крајбрежните енклави и ги лиши нејзините 2 милиони жители од слободно движење во и надвор од Газа, како и од многу други основни удобности.