Betül Yürük
28 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во врска со безбедносната зона што се планира да се формира во северниот дел на Сирија, истакна дека Турција има право во ова нејзино барање бидејќи, според него, Турција претрпува проблеми поради терористите инфилтрирани од подрачјето контролирано од страна на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров одговараше на новинарските прашања во Њујорк, каде што се наоѓа во рамките на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
Запрашан од страна на новинарот на АА во врска со безбедносната зона, како и за преговорите меѓу Турција и САД, Лавров рече: „Анкара има право во ова свое барање бидејќи моментално претрпува проблеми поради терористите инфилтрирани од подрачјето контролирано од страна на САД.“
Лавров нагласи дека не можат да бидат индиферентни во врска со безбедносната зона, бидејќи во прашање е територијалниот интегритет и сувереноста на Сирија.
Според него, Американците ги искористуваат Курдите во овој регион, и додаде дека се прават конкретни чекори во насока на формирање самоуправни органи.
Што се однесува до случајот во кој САД не им дале визи на некои руски дипломати кои требаше да учествуваат на Генералното собрание на ОН, шефот на руската дипломатија истакна дека Москва ќе возврати на тоа, правејќи ги потребните чекори.