Qais Omar Darwesh Omar,Çağrı Koşak
23 Март 2023•Ажурирај: 24 Март 2023
ТУЛКЕРИМ (АА) - Израелските сили убија еден Палестинец во напад во градот Тулкерим, што се наоѓа во северниот дел на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.
Според очевидците, израелските сили извршиле рација во селото Шуфа во Тулкерим, и со оружје го застрелале 25-годишниот Ебир Имад Ебу Хатиџе.
Во писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство се наведува дека Ебу Хатиџе бил застрелан во глава, и дека починал во болница.
Палестинецот Ебир Имад Ебу Хатиџе е првиот Палестинец кој загина во месецот на постот Рамазан како резултат на израелски напад.
Израелските сили во последните месеци често вршат рации во окупираниот Западен Брег, а немирите што избиваат по рациите одвреме-навреме се претвораат во судири.