Elena Teslova
23 Март 2023•Ажурирај: 24 Март 2023
МОСКВА (АА) - Еден ден по посетата на Бахмут на линијата на фронтот, украинскиот претседател Владимир Зеленски денес ја посети областа Керсон, јавува Анадолу.
Зеленски изјави дека разговарал за снабдувањето со електрична енергија на населените места во јужниот регион од каде што се повлекоа руските војници на крајот на минатата година.
„Размислувавме за обновување на снабдувањето со електрична енергија... Мораме да обезбедиме целосно обновување и заштита на нашиот енергетски сектор! Благодарен сум на сите што работат на ова и ја враќаат светлината на нашите луѓе“, рече тој.
Украинскиот лидер одржа и координативен состанок за ситуацијата во регионот.
„Актуелната безбедносна ситуација, реконструкцијата на оштетената инфраструктура во регионот, деминирањето на деокупираните територии, обновувањето на електроенергетските мрежи - сите овие важни прашања ги држиме под контрола“, наведе тој.