Mahmoud Barakat
28 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
РАМАЛА (АА) - Најмалку 11 Палестинци се уапсени за време на синоќешните операции кои израелските сили ги извршија на подрачјето на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската војска соопшти дека уапсените лица се товарат за учество во терористички активности, и дека истрагата против нив е во тек.
Според податоците на палестинските институции, моментално во израелски притвор се наоѓаат речиси 6.500 Палестинци, меѓу кои и 300 малолетници.
Паралелно со тоа, израелската војска соопшти дека доцна синоќа во близина на воениот пункт во Наблус експлодирала импровизирина бомба, а дека во експлозијата немало загинати лица.
Тензиите на Блискиот Исток додатно се интензивирани за време на неодамнешното преместување на Американската амбасада во Ерусалим (Кудс), кој Израел го окупираше во 1967 година.
Илјадници Палестинци од крајот на март на границата на Газа протестираат поради израелската окупација и бараат право на враќање во својата земја. Израелските сили убија најмалку 115, а ранија неколку илјади палестински демонстранти.