Qais Omar Darwesh Omar,Safiye Karabacak
02 Јануари 2024•Ажурирај: 04 Јануари 2024
РАМАЛА (АА) - Израелските сили приведоа уште 26 Палестинци во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс (Ерусалим), при што бројот на приведени Палестинци од 7 октомври досега се зголеми на 4.936, пренесува Анадолу.
Здружението на палестински затвореници и Делегацијата за палестински затвореници при Палестинската ослободителна организација објавија заедничко соопштение во врска со ова прашање.
Во соопштението се наведува дека израелските сили извршиле рации во градовите Хеброн, Источен Кудс, Рамала, Калкилја, Наблус, Ериха и Тулкерим.
Се истакнува дека во рациите израелските сили привеле 26 Палестинци, меѓу кои 2 жени и едно повредено лице.
Бројот на приведени Палестинци од страна на Израел во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс од 7 октомври досега се искачи на 4.936.