Nour Mahd Ali Abu Aisha,Zeynep Hilal Karyağdı Duran
02 Јануари 2024•Ажурирај: 05 Јануари 2024
ГАЗА (АА) - Портпаролот на Агенцијата на Обединетите нации за помош нa палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA), Аднан Абу Хасене, изјави дека десетици илјади луѓе гладуваат во централните и северните делови на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Абу Хасене наведе дека хуманитарната помош почнала да пристигнува во централните и северните делови на Појасот Газа, кој е под интензивни израелски напади, за прв пат оваа недела по завршувањето на „хуманитарната пауза“ на 1 декември.
Според неговите зборови, околу седум дена дневно влегуваат околу пет или седум камиони со прехранбени производи во градот Газа и северните области.
Сепак, тој истакна дека оваа помош не е доволна за да се задоволат потребите на луѓето на тоа подрачје.
„Десетици илјади луѓе гладуваат“, порача Абу Хасене.
Наведувајќи дека со оваа помош можат да се задоволат само седум отсто од прехранбените и хуманитарните потреби во регионот, Абу Хасене нагласи дека треба да се зголеми обемот на помошта.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 22.185 Палестинци, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава.
Наведено е дека во нападите се повредени 57.035 лица, од кои речиси 70 отсто се жени и деца.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Нападите го претворија Појасот Газа во урнатини.
Околу 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси два милиона жители се раселени.