Mehmet Nuri Uçar
13 Ноември 2023•Ажурирај: 14 Ноември 2023
РАМАЛА (АА) - Израелските сили приведоа 50 Палестинци на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.
Здружението на палестински затвореници наведува дека израелските сили продолжиле со операциите за затворање на Палестинците на Западниот Брег и Источен Кудс (Ерусалим).
Соопштено е дека во овие рации биле приведени 50 Палестинци од Хеброн, Кудс, Рамалах, Ерихон, Наблус и Џенин.
Од 7 октомври израелските сили привеле 2.520 Палестинци.
Додека израелските сили силно го бомбардираат Појасот Газа од 7 октомври, исто така, тие спроведуваат и рации на окупираниот Западен Брег и Источен Кудс, како и операции за приведување Палестинци под различни обвиненија.