Hamdi Yıldız,Ahmed Gouda
13 Ноември 2023•Ажурирај: 14 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ) соопшти дека е многу загрижен поради опасноста за цивилите во Газа кога преминуваат од север кон југ, јавува Анадолу.
ИЦРЦ изјави дека во Газа има 100.000 луѓе што се лишени од основните потреби, како што се материјали за чистење, вода, храна и засолниште.
„Ситуацијата во Газа е на раб на хуманитарна катастрофа“, се вели во соопштението.
ИЦРЦ се осврна и на евакуацијата на цивилите од северот кон југот на Газа.
„Јужниот регион на Газа не е опремен да ги задоволи потребите на големиот број луѓе што пристигнуваат без ништо, кои имаат само облека на себе, а количината хуманитарна помош што ја доби е целосно несоодветна“, соопшти ИЦРЦ.
ИЦРЦ повика на заштита на цивилите под опсада во Појасот Газа и на неопходност од влез на хуманитарната помош без никакви пречки.
ИЦРЦ се осврнаа и на болниците што се преполни со цивили и нападите што се вршат на тој простор.
„Луѓето и дење и ноќе ни кажуваат дека се плашат да ги отворат вратите на своите домови од страв да не се соочат со смртта. Тие бараат од нас да им помогнеме и да ги однесеме на безбедно место“, рече Вилијам Шомбург од ИЦРЦ во Газа.