Mustafa Deveci
06 Ноември 2018•Ажурирај: 06 Ноември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили приведоа 19 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на израелската Војска, синоќа биле извршени операции во различни места на Западниот Брег, при што биле приведени 19 Палестинци, под изговор дека биле вмешани во терористички активности.
Во соопштението се додава дека Палестинците биле пренесени во центрите за приведување, каде што ќе бидат испрашувани.
Израелските сили често вршат рации во домовите во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
Според официјалните палестински податоци, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.500 Палестинци.
Израел, со практиката наречена „административно притворање“, во зависност од разузнавачките информации може да приведува Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.
Ако притвореникот се смета како „опасност за безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.