свет

Израелските сили приведоа 14 Палестинци на Западниот Брег

Во операциите извршени синоќа, во различни места на Западниот Брег, приведени се 14 Палестинци, под образложение дека биле вмешани во „терористички активности“

Esat Fırat  | 09.09.2019 - Обновена : 11.09.2019
Израелските сили приведоа 14 Палестинци на Западниот Брег

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили приведоа 14 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на израелската војска, во операциите извршени синоќа, во различни места на Западниот Брег, приведени се 14 Палестинци, под образложение дека биле вмешани во „терористички активности“.

Во соопштението се нагласува дека приведените Палестинци се пренесени во центрите за притвор.

Израелските сили често вршат рации во окупираните територии на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни образложенија приведуваат Палестинци.

По приведувањата, кои на Западниот Брег и во Источен Ерусалим станаа вообичаени, дел од приведените Палестинци, меѓу кои има деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.

Според официјални палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат над 5.000 Палестинци, од кои околу 500 административни притвореници и 220 деца.

Израел, со практиката наречена „административен притвор“, во зависност од разузнавачките информации може да приведе Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци. Ако притвореникот се смета за „опасност за безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.