Ekipa
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ЛОНДОН (АА) - Британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“ (British Airways) мораше да ги откаже речиси сите летови како резултат на 48-часовниот штрајк на пилотите во врска со нивните плати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено денеска, авиокомпанијата вели дека не можела да предвиди колку пилоти ќе дојдат на работа или кој авион е погоден за лет.
Како резултат на тоа, авиокомпанијата соопшти дека немала друга опција освен да откаже речиси 100 отсто од своите летови.
Од авиокомпанијата истакнаа дека се подготвени да се вратат на преговорите со Синдикатот на пилоти (BALPA), а на клиентите кои беа засегнати од откажувањето на летовите им понудија враќање на парите во целост или можност за повторна резервација на летот.
Синдикатот на пилоти ја обвинува авиокомпанијата дека прави огромен профит врз грбот на работниците кои се жртвуваат во тежок период. Следниот штрајк е закажан за 27 септември.
„Бритиш ервејс“ дневно обезбедува до 850 летови.