Qais Omar Darwesh Omar,Muhammed Semiz
29 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
ЏЕНИН (АА) - Израелските сили убија млад Палестинец за време на нивната рација во градот Џенин на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА (WAFA), Весам Бекр, директорот на државната болница „Халил Сулејман“ во Џенин, истакна дека израелските сили извршиле рација во градот Џенин во раните утрински часови.
Бекр нагласи дека израелските сили го застрелале Палестинецот Мухамед Махир Нафи Мер (25) за време на рацијата.
Според информациите добиени од очевидци, израелските сили упаднале во куќите на многу Палестинци во градот и интервенирале со вистински куршуми и солзавец.
Од друга страна, во писменото соопштение на палестинското Министерство за надворешни работи се наведува дека се осудува убиството на младиот Палестинец од страна на израелските сили и дека целата одговорност за инцидентот ѝ припаѓа на израелската Влада.
На 17 јуни, палестинското Министерство за здравство соопшти дека во упадот извршен во ноќните часови на израелските сили врз градот Џенин загинале тројца млади Палестинци, а уште 10 се повредени.