Atila Altuntaş
29 Јуни 2022•Ажурирај: 29 Јуни 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Шведската премиерка Магдалена Андерсон истакна дека нејзината земја ќе воспостави близок дијалог со Туркије (Турција) за екстрадиција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По трилатералниот Меморандум потпишан од страна на Туркије, Шведска и Финска, Андерсон утрово даде изјава за финската државна телевизија ЈЛЕ (YLE).
„Ќе воспоставиме близок дијалог со Туркије за екстрадиција. Ќе разговараме и ќе објасниме како се бориме против тероризмот во рамките на меѓународното право“, нагласи Андерсон.
Наведувајќи дека процесот е конструктивен, Андерсон рече: „Работевме со нашите пријатели кои преговараа, имавме телефонски разговори со Ердоган. Ако три лица седат во соба и сакаат договор, можете да го направите тоа.“
На прашањето кој направи повеќе отстапки во овој процес, Андерсон не сакаше да одговори.
Во меѓувреме, независната пратеничка Амина Какабавех, која е поддржувач на терористичката организација ЈПГ/ПКК, изјави дека „за нив бил црн ден“ во врска со потпишувањето на трипартитниот Меморандум со Туркије и рече дека ќе почне да работи за донесување предлог за гласање на недоверба на шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде.
Какабавех, која даде изјави за телевизијата ТВ4 (TV4), тврди дека во Парламентот потребни се 35 потписи на пратеници за да се достави предлог за гласање недоверба на Линде, а во Парламентот има 35 пратеници кои ќе дејствуваат во оваа насока.