Mustafa Deveci
02 Ноември 2018•Ажурирај: 03 Ноември 2018
КУДС (АА) – Израелските сили во различни региони на окупираниот Западен Брег интервенираа на протестите на Палестинците што се одржуваат против незаконски изградените еврејски населби и Ѕидот на поделбата. На протестите едно лице беше повредено од пластичен куршум, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинците по петочната молитва се собраа во близина на градот Рамалах во Западниот Брег и во селото Кефр Кадум, кое потпаѓа под градот Наблус, во знак на протест против израелските незаконски изградени еврејски населби и Ѕидот на поделбата.
Израелските сили интервенираа врз палестинските демонстранти со солзавец и пластични куршуми, додека демонстрантите одговориле со камења.
Во писмената изјава на палестинската Црвена полумесечина се соопштува дека на протестите во близина на Рамалах од пластичните куршуми на израелските сили во нога е погоден еден млад Палестинец, а поголем број демонстранти настрадале од дејството на солзавецот фрлен од израелските војници.
Очевидците на настанот информираат дека на протестите во Кефр Кадум, за да ги растерат палестинските демонстранти, израелските сили употребиле пластични куршуми и солзавец. На овие протести немало повредени.
По, Акса Интифадата (2. Интифада) која изби во Палестина во 2000 година, властите на Израел во 2002 година поради „безбедност“ меѓу Западниот Брег и Израел започнаа со изградба на Ѕидот на поделбата. Поради Ѕидот на поделбата речиси 3 милиони Палестинци не можат да преминат во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и Израел.
На протестите кои се одржуваат секој петок против Ѕидот на поделбата и изградбата на незаконските еврејски населби, израелските војници интервенираат со вистински и пластични куршуми, солзавец, а понекогогаш користат и водени топови со отпадна вода.