Ekip
02 Ноември 2018•Ажурирај: 03 Ноември 2018
КАИРО (АА) - „Најмалку 7 коптски христијани се убиени денес во напад кој се случи во централната египетска провинција Минја“, објавија локалните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Египетските медиуми ги пренесоа изјавите на црковните официјални лица, кои рекоа дека „терористи“ отвориле оган врз автобус што превезувал христијански аџии од северната египетска провинција Сохаг. Автобусот се движел кон манастирот „Свети Самоил“ во Минја.
Медиумите пренесуваат дека Касим Хусеин, гувернер на Минја, потврдил дека во нападот животот го загубиле 13 лица, а сѐ уште никој не ја презел одговорноста.
Денешниот напад е втор во близина на манастирот „Свети Самоил“ во последната година и пол. Во мај 2017 година се убиени 29 лица, кога напаѓачите отвориле оган врз два автобуси во кои христијаните се превезувале до манастирот. Набргу по нападот, одговорноста ја презеде ДЕАШ.