Qais Omar Darwesh Omar,Muhammed Semiz
08 Септември 2022•Ажурирај: 09 Септември 2022
РАМАЛА (АА) - Израелските сили застрелаа и убија Палестинец на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Министерството за здравство на Палестина се наведува дека израелските сили застрелале Палестинец на влезот во селото Бејтин, во близина на градот Рамала на Западниот Брег во раните утрински часови.
Се истакнува дека сѐ уште не е утврден идентитетот на застреланиот Палестинец.
Од друга страна, според информациите на дописникот на Агенција Анадолија (АА) базирани на очевидци, израелските сили застрелале Палестинец на влезот на селото Бејтин, а потоа ги блокирале влезовите во областа, спречувајќи ги Палестинците да интервенираат.
Според истите извори, израелските сили сѐ уште не го предале телото на Палестинецот кој го загуби животот.