Ahmet Furkan Mercan
08 Септември 2022•Ажурирај: 09 Септември 2022
ТОКИО (АА) - Веб-страниците на компаниите „Токио метро“ и „Осака метро“ се нападнати од руската хакерска група „Килнет“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на агенцијата „Кјодо“, руската хакерска група „Килнет“ продолжува со кибернападите на веб-страниците на јапонската Влада.
Групата синоќа објави порака дека е „објавена војна против јапонската антируска кампања и дека ќе ја затворат мрежата на метрото во Токио“.
Одговорноста за нападите на социјалните мрежи ја презеде руската хакерска група „Килнет“.
Во инцидентот бил користен метод на кибернапад од видот ДДоС во кој членовите за кратко време испраќале податоци од многу извори и не ѝ дозволиле на мрежата да функционира.
Претходниот ден, веб-страниците на јапонската Влада, вклучувајќи го и интернет-порталот „e-Gov“, беа изложени на слични напади и не можеа да даваат услуги.
Матсуно Хироказу, главниот секретар на Кабинетот на Владата, соопшти дека иако 23 веб-страници на четири министерства се блокирани, немало протекување на податоци.
Хакерската група „Килнет“ е позната по своите кибернапади врз веб-страниците на земјите кои застанаа на страната на Украина во врска со руските напади.