Mustafa Deveci
30 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - При интервенција на израелските сили на демонстрациите организирани синоќа во Исевије, во Источен Ерусалим се повредени 15 Палестинци, јавувa Anadolu Agency (AA).
И синоќа се продолжени демонстрациите со кои се има цел да се укаже на сѐ почестите напади во населбата Исевије, во која израелските сили, во четвртокот, го усмртија Мухамед Семит Убејд (20).
Локални извори наведуваат дека израелските сили на синоќешните демонстрации користеле гумени куршуми, солзавец и звучни бомби против демонстрантите кои возвратиле со пиротехнички средства и камења.
Црвената полумесечина на Палестина соопшти дека во интервенција на израелските сили полесно биле повредени 15 Палестинци.
Тензиите во Исевије додатно се зголемија по смртта на Убејд, а израелската полицијата нов упад во населбата организираше во петокот вечерта.
Црвената полумесечина на Палестина соопшти дека во интервенција на израелската полиција во петокот, со гумени куршуми се повредени 37 Палестинци, седум лица биле во опасност од задушување поради фрлениот солзавец, а шест лица биле претепани.