Awad Rjoob,Safiye Karabacak
24 Јули 2023•Ажурирај: 25 Јули 2023
РАМАЛА (АА) - Тринаесет Палестинци се повредени во напад на израелски војници на кампот Нур ал Шамс во северниот град Тулкарим, на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.
Според официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, израелските сили утрото, придружувани од булдожери, упаднале во кампот Нур Шамс во Тулкарим. Војниците ги затвориле влезовите и го опколиле кампот.
Пукањето можело да се слушне од улицата „Наблус“ на влезот во кампот, кој бил опколен со десетици воени возила. Дошло до тепачка меѓу жителите на областа и израелската војска.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека четворица Палестинци се повредени од вистински куршуми, а деветмина од шрапнели.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека израелските војници не дозволиле медицински тимови да влезат во кампот за да ги лекуваат повредените Палестинци.
Соопштено е дека било блокирано и возилото на Брза помош во кое се наоѓала трудница, а болничарите биле принудени да ја соблечат облеката отпорна на куршуми.

Според зборовите на очевидци, израелските војници се повлекле од кампот оставајќи зад себе голема материјална штета.
Вооруженото крило на Исламски џихад, Ал-Кудс Серије, објави на Телеграм дека се судриле со израелските сили во кампот.

Израелските сили продолжиле да ги напаѓаат другите градови на Западен Брег.
Канцеларијата за медиуми на палестинските затвореници соопшти дека израелските војници уапсиле 11 Палестинци за време на ноќните рации во градовите Наблус, Тулкарим, Џенин, Рамала, Хеброн и Витлеем.