Ekipa
20 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
ГАЗА (АА) - Израелските воздухопловни сили започнаа нова серија воздушни напади врз Газа, а целта на нападите беше инфраструктурата на палестинското движење на отпорот Хамас, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот портпарол, Авичај Адрае, на Твитер соопшти дека израелските бомбардери спроведуваат напади кои се одговор на претходните ракетни напади од Газа на Израел.
Истиот извор јавува дека биле нападнати вкупно 25 цели на Хамас, вклучувајќи и еден подземен објект кој наводно е користен за обука на палестинските борци.
Адраи, исто така, соопшти дека од Газа врз Израел биле испукани вкупно 30 проектили, од кои седум биле уништени во воздух, а три паднале внатре во Газа.
„Хамас изврши силни ракетни напади врз Израел минатата ноќ. Водејќи ги луѓето на Газа во сè поголема паника и безнадежност, Хамас е одговорен за сето она што се случува во Газа“, рече Адраи.