Ekipa
20 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази жалење поради повлекувањето на Соединетите Американски Држави (САД) од Советот за човекови права на ОН (UNHRC), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Генералниот секретар повеќе би сакал САД да останат во УНХРЦ. Таа организација има многу важна улога во промоцијата и заштита на човековите права во светот“, соопшти портпаролот на ОН, Стефан Дујариќ, во писмена реакција на американската одлука.
Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, и американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ја соопштија одлуката за повлекување на САД од УНХРЦ, кого САД го обвинуваат за немилосрдна кампања против Израел, кој е стратешки американски сојузник.
Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин, изјави дека тоа е разочарувачка одлука на САД.
„САД би требало да ја предводат борбата за човековите права, а не да се повлекуваат од неа“, порача Ал Хусеин.
Американското повлекување го осуди и ЕУ, поточно нејзиниот Сервис за надворешни работи (EEAS), кој во соопштението наведе дека САД секогаш биле на првиот фронт на заштита на човековите права и силен сојузник на ЕУ.
„Оваа одлука ја загрозува американската улога на шампион во борбата за демократија на светската сцена“, порачаа од Сервис за надворешни работи на ЕУ.
Палестинското движење на отпорот Хамас, исто така, реагираше на американското повлекување од УНХРЦ и порача дека и тоа е доказ на сè поголемата меѓународна изолација на САД.
„САД веќе не се во состојба да ја оправдаат својата криминална практика и поддршка на израелскиот тероризам врз палестинскиот народ“, порача портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри.