свет, економија

Богатството на светските милијардери во 2017 година изнесуваше 70,2 трилиони долари

Над 61 процент од милионерите и милијардерите живеат во само четири земји: САД, Јапонија, Германија и Кина. Од луѓето кои станаа нови милионери во 2017 година, 62 отсто живеат во овие четири земји

Barry Eitel  | 20.06.2018 - Обновена : 20.06.2018
Богатството на светските милијардери во 2017 година изнесуваше 70,2 трилиони долари

San Francisko

САН ФРАНЦИСКО (АА) - Кумулативното богатство на милионерите и милијардерите во светот се зголеми за десет проценти во 2017 година и достигна 70,2 трилиони долари, објавено e во извештајот на францускатa компанија „Capgemini“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Истражувањето беше објавено од консултантската куќа „Capgemini“ во нивниот годишен извештај за богатството во светот.

Во светот, во 2017 година имаше 1,6 милиони повеќе луѓе, чиj имот изнесувал повеќе од една милијарда долари отколку во 2016 година.

Консултантската компанија верува дека богатството на најбогатите луѓе во светот во 2025 година ќе изнесува 100 трилиони долари.

„Capgemini“ наведува дека глобализацијата на светскиот пазар е најголемата причина зошто најбогатите луѓе во светот имаат пораст од десет проценти на своите приходи.

Индексот Дау Џонс (Dow Jones) е еден од неколкуте индекси на американската електронска берза на акции (NYSE) со седиште во Њујорк.

Индустрискиот индекс Дау Џонс достигна најголема пресвртница од 26.115 поени на 17 јануари 2018 година. Иако вредноста на индексот на Дау Џонс вчера беше затворена со 24.700, индексот и понатаму е на високо ниво.

Над 61 процент од милионерите и милијардерите живеат во само четири земји: САД, Јапонија, Германија и Кина. Од луѓето кои станаа нови милионери во 2017 година, 62 отсто живеат во овие четири земји.

Во САД, бројот на милионери и милијардери се зголеми за десет проценти во 2017 година односно на 5,3 милиони луѓе. Во Јапонија имаше 3,2 милиони милионери и милијардери и 1,3 милиони во Кина. Бројот на богати во Индија се зголеми за 20 отсто односно на 263.000.

За да го направи извештајот, „Capgemini“ испитувал 2.600 милионери и милијардери кои живеат во 19 одделни региони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın