Emine Dalfidan
18 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
ЛОНДОН (АА) - Меѓународната хуманитарна организација "Oxfam" го објави изветајот во којшто се наведува дека еден отсто богати во светот имаат богатство повеќе од преостанатите 99 отсто луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
"Oxfam" објави извештај за светскиот капитал во пресрет на економскиот форум во Давос.
Во извештајот се наведува дека 62 најбогати луѓе на светот поседуваат богатство кое е еднакво на она што го поседуваат 3,6 милијарди луѓе, што е половина од денешната светска популација.
Податоците во извештајот се преземени од финансиската канцеларија на "Credit Suisse" и списанието „Forbes“.
Богатството на 62 најбогати лица на светот, меѓу кои и девет жени, зголемено е за 500 милијарди во периодот од 2010 година до сега. Во истиот период, имотот на сиромашната половина од светската популација е намалена за еден трилион долари.
Од "Oxfam" укажуваат на проблематичниот тренд, светскиот капитал сè повеќе да се концентрира во рацете на мала група на најбогати луѓе.
Богатството на сиромашната популација во светот, значи оние 3,6 милијарди луѓе, 2010 година била еквивалентна на богатството на најбогатите 388 луѓе.
Според минатогодишните извештаи, тоа богатство било еднакво на богатството на 80 луѓе, а оваа година е додатно намалена на богатството кое го поседуваат само 62 луѓе.
Богатите во светот годишно избегнуваат данок во износ од 190 милијарди долари, што според истражувањата на бројни невладини организации, би било доволно за решавање на проблемите со вработувањето на квалитетен образовен кадар и решавање на проблемот со гладувањето на децата во цела Африка.
Од "Oxfam" ги повикуваат владите на државите сериозно да се позанимаваат со борбата против кризата на сѐ поголемиот јаз меѓу богатата и сиромашната популација преку сѐ поголемо вложување во јавните услуги, зголемување на минималните примања и спречување на избегнувањето данок.
Повикот е упатен директно и до премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерун, кој пред доаѓањето на власт најави дека ќе се бори против проблемите со големите суми на пари кој лежати во т.н „offshore“ банки на Кајманските или Вирџинските острови и на тој начин се избегнуваат даночните издатоци во износ од 190 милијарди долари.