Lina Altawell
06 Јануари 2026•Ажурирај: 07 Јануари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) — Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, пристигна во отцепениот сомалиски регион Сомалиленд, речиси две недели откако Тел Авив го призна регионот, што предизвика меѓународна осуда, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.
Се очекува Саар за време на посетата да се состане со претседателот на Сомалиленд, Абдирахман Мухамед Абдулахи, изјави дипломатски извори од Сомалиленд за израелскиот канал „i24NEWS“.
Двајцата официјални претставници ќе одржат заедничка прес-конференција подоцна во текот на денот, соопштија изворите.