свет

Израелскиот аеродром „Бен Гурион“ ќе остане затворен до петок

- Одделно, Командата на домашниот фронт на израелската Армија одлучи да ги задржи ограничувањата за собири до среда вечер

Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout  | 02.03.2026 - Обновена : 02.03.2026
Израелскиот аеродром „Бен Гурион“ ќе остане затворен до петок

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските власти одлучија аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив да остане затворен до петок, како и да ги задржат ограничувањата за јавни собири до среда вечер, поради продлабочувањето на војната со Иран, јавува Анадолу.

Израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН денес објави дека аеродромот ќе остане затворен до петок.

Израелските власти го затворија воздушниот простор на земјата и аеродромот во саботата, откако започнаа заеднички напад со САД против Иран во голем обем.

Израелските медиуми известуваат дека повеќе од 100.000 Израелци моментално се заглавени во странство.

Одделно, Командата на домашниот фронт на израелската Армија одлучи да ги задржи ограничувањата за собири до среда вечер.

Во извештајот добиен од Анадолу, се вели дека до среда вечер „собирите ќе бидат забранети, услугите на отворени места и во зградите суспендирани, а плажите остануваат затворени за јавноста“.

Мерките вклучуваат и забрана за работа на места каде што нема засолништа, додека сите образовни активности се целосно суспендирани.

Овие ограничувања стапија на сила во саботата, по почетокот на воената операција против Иран.

САД и Израел започнаа голем напад врз Иран во саботата, при што се убиени неколку врвни ирански лидери, вклучувајќи го и врховниот лидер, ајатолахот Али Хаменеи.

Како одговор на тоа, Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон регионалните земји во кои се наоѓаат американски бази.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.