Mustafa Deveci
20 Мај 2021•Ажурирај: 21 Мај 2021
КУДС (АА) - Израелските власти чекаат напредок во преговорите за прекин на огнот во окупираниот Појас Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Анонимни израелски официјални претставници во изјавата за „Walla News“ истакнаа дека се воделе разговори преку два одделни канали за постигнување на примирје во Газа преку разузнавањето на Египет и специјалниот координатор на Обединетите нации за мировниот процес на Блискиот Исток, Тор Венесланд.
Во веста исто така се наведува дека преговорите за прекин на огнот ги водат египетски официјални лица кои се во директен контакт со Хамас.
Меѓу другото се истакнува дека Венесланд отпатувал во Доха, главниот град на Катар, за да разговара за прекинот на огнот со претставниците на Хамас.
Беше објавено дека израелските власти очекуваат напредок во преговорите за прекин на огнот во рок од 24 часа.
Израелските официјални претставници не дадоа никаква изјава во врска со веста.