Qays Abu Samra,Gülşen Topçu
09 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
ХЕБРОН (АА) - Израелските војници приведоа пратеничка, членка на Палестинскиот законодавен совет јужно од Хеброн, во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Според писмениот допис на Блокот за промени и реформи, кој е поврзан со Хамас, израелските сили во утринските часови извршиле упад во домот на палестинската пратеничка Семира ел-Халајика, кој се наоѓа во подрачјето на Еш-Шујух. По претресот на домот, израелските војници ја одвеле пратеничката Халајика на засега непознато место.
На почетокот од неделава, во градот Витлеем, израелските војници привеле уште двајца палестински пратеници.
Заедно со последните случувања, Израел досега има приведено 10 палестински пратеници.