Mustafa Deveci
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе реализира официјална посета на Египет и ќе се состане со претседателот Абдулфетах ал Сиси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста објавена во израелскиот весник „Маари“ се наведува дека посетата на Нетанјаху на Египет се очекува да се случи во наредните недели.
Се истакнува дека за време на посетата Нетанјаху ќе се сретне со египетскиот претседател Сиси и дека ќе разговара за економските проекти меѓу двете земји и за развојот на билатералните односи.
Израелските и египетските власти не ја коментираа информацијата во врска со посетата.
Египет и Израел потпишаа мировен договор во 1979 година.